По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември, во нашето училиште се спроведе активност под мотото “Моите права, се моите можности”. Во неа учествуваа ученици од седмо и деветто одделение кои се дел ос секцијата – Ученички иницијативи, под менторство на наставничките Хрисина Илиевска и Георгина Велковска. Преку читање на детските права од Меѓународната конвенција, пишување, лепење и цртање, учениците уште еднаш покажаа дека иако се деца и тие од самото раѓање ги добиваат правата кои треба да ги уживаат во периодот на детството. Поддршка на активноста дадоа и учениците од одделенска настава.