Според календарот на Обединетите нации, денес, 22 март е Светски ден на водата. 2023 година е годината посветена на промените во користењето на водните ресурси и се обележува под мотото: Биди промената која сакаш да ја видиш во светот. Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет. Треба да работиме заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс. Да ја вреднуваме и цениме водата!