Денес нашето училиште, преку едукативна работилница, го одбележа 9 Декември-Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Во неа учествуваа ученици од VI и IX одделение, под менторство на наставничките Георгина Велковска и Христина Илиевска, а истата е дел од годишната програма за Антикорупциска едукација на учениците во основните училишта.
Работилницата се состоеше од презентација, изработена и презентирана од ученичката Мелани Стојановска од IX-4 одделение, и скечеви во изведба на ученичките Бисера Ѓорѓиевска и Анамарија Цековска од IX-4 одделение. Преку нивните изведби, учениците од VI одделение, имаа можност да го прошират своето знаење за поимот корупција, како една негативна појава во општеството, и преку играње на улоги од реални примери од секојдневниот живот, самите да откриваат и да препознаваат коруптивни и антикоруптивни форми на однесување, со ставање акцент на тоа дека човекот коруптивното однесување треба да го одбегнува и секогаш да се движи во насока на чесна и одговорна морална личност.https://drive.google.com/drive/folders/1ZCXq0WIr512szKoXrkFp6KuuN7ymdYeq?usp=sharing