Меѓународен ден на човековите права— годишен празник кој се прославува низ светот на 10 декември секоја година.
Датумот беше избран во чест на усвојувањето и објавувањето на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, на 10 декември 1948 година.
Во нашето училиште овој ден беше одбележан со креативни и едукативни активности кои ја истакнаа важноста на почитувањето на човековите права.