На 3 декември, нашето училиште го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост преку креативна дружба и активности. Учениците учествуваа во креативни активности како цртање и изработка на презентации, со што ги изразија своите мисли и идеи за важноста на инклузијата, прифаќањето и почитувањето на различностите.

Цртањата ги отсликаа темите на емпатија, поддршка и солидарност, додека презентациите беа можност учениците да истражуваат и да ги споделат своите знаења за предизвиците и можностите со кои се соочуваат лицата со попреченост.

Настанот беше обележан со позитивна атмосфера, соработка и ентузијазам. Оваа иницијатива ја зајакна свесноста кај учениците за важноста на создавање општество во кое сите се чувствуваат добредојдени и вреднувани.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост се стреми да ја зголеми свеста за придобивките што треба да се извлечат од нивното интегрирање во секој аспект на живеење. Сите заедно да ги поддржиме и да им покажеме дека се дел од нас.

Следете го овој линк за да видите дел од нашите креативни активности!