Во текот на месец Март 2023 година во нашето училиште се одржа едукативна работилница на тема „Се што сакаш да знаеш за пубертетот“. Оваа работилница ја следеа ученичките од петите одделенија, без да се наруши воспитно-образовниот процес во училиштето. За реализација на оваа активност психологот соработуваше со одделенските раководители за да успешно и навремено се спроведе оваа воннаставна активност. За реализација на активноста, родителите дадоа согласност дека нивните деца можат да псисуствуваат на истата. Сето ова е подржано од МОН и БРО на РСМ а модератор беше претставник од Агенцијата ГРЕЈ-ВОРЛДВАЈТ ЛТД ДООЕЛ-Скопје.