На 20.08.2026 година во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка беше реализирана обука за наставници на тема:
„Користење на системот за самооценување и професионален развој“
Целта на обуката беше наставниците да се запознаат со системот за самооценување и професионален развој и практично да се оспособат за негово користење.
Во рамките на обуката, наставниците работеа на:
користење на системот за самооценување и професионален развој;
креирање на Личниот план за професионален развој (ЛППР);
избор на компетенции;
евидентирање на реализацијата на Личниот план за професионален развој.
Посебен акцент беше ставен на практичната работа со апликациите:
З-Ф1 – Самооценување на наставници
З-Ф2 – Избор на компетенции
З-Ф3 – Личен план за професионален развој на наставниците во основните и средните училишта
Обуката ја реализираше Лариса Жулина-Митовски, со практичен пристап и насоки за успешно користење на системот и креирање на личен план за професионален развој.
Континуираниот професионален развој и самооценувањето претставуваат значаен дел од унапредувањето на наставната практика и професионалните компетенции на наставниците.