По повод Halloween кој секоја година се прославува на 31 Октомври, на часовите по англиски јазик во согласност со наставниот план и програма во ООУ “Јоаким Крчовски” во с.Жидилово се оддржа работилница поврзана со овој настан. Учениците изработуваа цртежи, правеа фенери од тикви, читаа и презентираа текстови за тоа како и на кој начин се прославува и празнува овој ден, се со цел да се едуцираат и осознаат повеќе за овој настан.