На ден 01.02.2024 (четврток), во Europe House се одржа Работилница за деца по повод Светскиот ден на образованието и Денот на побезбеден интернет простор. Учество во оваа работилница зедоа учениците (Горјан Николовски, Петар Стаменковски, Нина Николовска, Лука Петковски и
Алексеј Стојановски под менторство на наставникот по математика Тони Јакимовски) од нашето училиште “Свети Јоаким Крчовски”, каде што учениците програмираа во scratch, учествуваа во работилница STEM методи, ЕSCAPE Room и изнаоѓање креативни решенија за справување со хакерски напад и злоупотреба на податоци. Работилницата навистина беше од голем едукативен карактер.