На ден 31.08 2025 г. се одржа обука на тема “Начини на превенција и справување со насилствата во училиштата“ со почеток во 09.00ч. во матичниот објект во нашето училиште.Презентацијата беше наменета за наставниот кадар и стручните соработници од нашето училиште, а беше спроведено согласно потребите на наставниот кадар за горенаведената тема. Имено, психолозите спроведоа анкетен прашалник од кој заклучија дека една од најбарани теми за обука е справување со врсничко насилство и булинг. Обуката беше спроведена со цел потсетување со поим за насилство, насилно однесување, карактеристики во однесувањето на жртвите, насилниците и другите учесници инволвирани во ситуацијата, потоа беа презентирани училиштето како потенцијална средина за насилно однесување ( се дискутираше за чекори во превенција на насилно однесување, превземање конкрени мерки и активности за справување со насилството, се зборуваше и за улогата на емоционалната интелигенција и емпатијата во превенција од насилство, се презентираше и за ненасилна комуникација во училиштата, педагошка комуникација кај наставниците, улогата на наставникот во превенција и справување со насилството во училиштата, наставникот како медијатор и друго. Оваа обука беше оргазнизирана и реализирана од страна на психологот Марина Јакимовска Митовска.