Во тек е 8-то издание на Europ’Raid, првата авантуристичка обиколка со автомобили Пежо 205“ низ 20 земји во Европа, кое започна на 29 јули, а ќе трае до 19 август 2023 година.

        Во рамки на Еurop’Raid 2023, на 29 јули, околу 700 Французи тргнаа од Париз, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе училишна и спортска опрема која ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и С Македонија. Поминувајќи 8.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да обезбеди 70kg училишна или спортска опрема: училишни ранци училишен прибор, тетратки,  топки, разновидни друштвени игри, сликовници и книги на француски јазик, спортска облека, обувки, … наменета за младите франкофони со цел да ги поттикнат и мотивираат да го изучуваат францускиот јазик.

        На 10 август 2023 година, по трет пат, Крива Паланка ќе има чест и задоволство да биде домаќин на оваа прекрасна организација на млади авантуристи кои патуваат  и се запознаваат со природните убавини, културата, традицијата и кулинарството на 20 европски земји. Веднаш по нивното пристигнување

во нашиот град, ќе започнат и повеќе активностиво 19 часот во училишниот двор на ООУ „ Свети Јоаким Крчовски“ ќе се одржи франкофонски музички хепенинг, а подоцна во 20:30 гостите ќе имаат можност да проследат културно-уметничка програма на градскиот стадион. Организацијата на Еуроп Ред во соработка со Амбасадата на Франција, ја одбраа Крива Паланка за македонски град домаќин поради добро познатите активности во областа на Франкофонијата.

        Во рамките на овие активностиќе присуствува делегација од Амбасадата на Франција, од Францускиот институт од Скопје и повеќе франкофонски здруженија и организации.