На 28.05.2024 година по иницијатива на наставничката по музичко образование Лариса Жулина-Митовски  ученици од училишниот оркестар повторно ја посетија Националната опера и балет во Скопје. Овој пат имаа можност да ја проследат  камерната опера „Свадба“ во изведба на Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана. Операта беше изведена на сцената на МОБ во рамките на 52 Мајски оперски вечери-2024. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Операта премиерно била прикажана во 2011 година во Торонто. Диригент е Јелена Шасник, режијата е на Андреј Јус, сценографијата на Јаро Јеше, а костимографијата на Маја Сотошек. Прекрасна сценографија, костимографија и професионална изведба предизвика посебен интерес кај  учениците.