На 09.11.2023 година беше организирана посета на Собранието на Република Северна Македонија, каде што ученици од  III-2 одделение се запознаа со функцијата на законодавниот дом на нашата држава, ја разгледаа внатрешноста на зградата и имаа можност да се запознаат со нејзината историја, главните обележја и работата на Собранието. Оваа посета беше реализирана како активност во рамките на наставната програма со наставничката Јагода Ангеловска.