Наставничките  Марина Стаменковска, Анета Стојковска и Наташа Милчевска во периодот од април-јуни учебна 2022/2023, септември-декември учебна година 2023/2024год. одржаа туторски часови два пати неделно или осум/девет часа месечно, секој час во времетраење од 60 минути со децата Роми во нашето училиште ООУ,, Свети  Јоаким Крчовски’’,  по предметот англиски јазик –наставник Марина Стаменковска,  по предметот математика-наставник Анета Стојковска и македонски јазик-наставник Наташа Милчевска. Овој проект во кој беa вклучени како тутори, беше наречен Акција ,, Пост Ковид 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни’’  од РОМАКТЕД Програмата Фаза II за ‘’Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално нив’’. Од нашето училиште беа вклучени ученици само од четврто во уебната 2022/2023, и петто во учебната 2023/2024.

Планираните активности беа организирани, следени и анализирани од страна на Консултант- Наташа Стефановска, наставник по англиски јазик во нашето училиште ООУ,,Свети Јоаким Крчовски”. Од страна на Консултантот беа изработени тестови за утврдување на предзнаењата на учениците по наставните предмети: македонски јазик, англиски јазик и математика. Врз основа на постигнатите резултати, Консултантот даде насока во однос на која се реализираа туторските часови и за истите редовно беше водена секојдневна евиденција и месечни извештаи. На крајот од планираниот период Консултантот изработи тестови и спроведе тестирање за утврдување на постигнатите резултати и подобрување на знаењато кај учениците по сите три претходно спомнати наставни предмети. Севкупните активности беа планирани, следени и реализирани според наставните програми по македонски јазик, математика и англиски јазик и за нив Консултантот редовно изработуваше извештаи кои беа доставени до Општина Крива Паланка и одговорните лица.