Почитувани ученици,

Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека започнуваме со имплементација на активности во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, клучна акција КА210 – партнерства од мал обем во полето на училишно образование. Партнер на проектот„На патот кон олимписките и параолимписките игри“ е ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка , наши партнер училишта се училишта од Грција и Италија, а главен кординатор е училиште од Франција. За таа цел од нашето училиште се потребни 18 ученици за учество во проектот кои ќе одат на мобилност во Франција  (октомври-2024 година).

Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни,спортски вештини, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.

Начин на пријавување:
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите
1.CV-автобиографија и
2. скенирани сертификати и дипломи стекнати за време на школувањето во нашето училиште

Рокот за доставување на потребните документи е од 30.08.2024 година до 05.09.2024  година на е-маилот: [email protected]

 

Критериум за избор:
· Ученикот треба да биде мотивиран за работа и дружење
· Ученикот треба да може да патува во странство
· Ученикот да има познавање на англиски јазик (можно е тестирање)
· Ученикот да е редовен ученик од 7, 8 или 9 одделение

.Ученикот да има примерно поведение и одличен успех

 

-Предност имаат ученици кои имаат учествувано во е-Твининг проекти

По првата направена селекција согласно критериумите доколку има поголем број заинтересирани кандидати ќе биде спроведено интервју и тестирање за познавање на англиски јазик.