Во рамките на Еразмус + проектот, „Една мисија, една визија, еден фокус“-One mission, one vision, one focus, во периодот од 25.11.2019 до 30.11.2019 во Крајова-Романија, беше реализирана првата средба помеѓу партнер училиштата од Романија, Турција, Италија, Полска, Словачка и Северна Македонија. На почеток на средбата училиштето домаќин не пречекаа на  традиционален домаќински начин со леб и сол. По срдечното добрeдојде, директорката на училиштето ни посака  плодна и успешна работа. Првиот ден нашите домаќини ни го претставија нивното училиште, училниците, кабинетите, специјалните простории за деца со посебни потреби (сензорна соба, соба за вежбање со логопед, сала за вежбање со специјални помагала, смарт табли и др). Наставниците ни ја претставија исто така и градинката која работи со состав на училиштето и интернатот каде ученици кои имаат посебни потреби можат да остануваат во текот на целата недела.

Фокусот на оваа средба беше обука за ADHD состојбата кај учениците и како да се препознае.Училиштето домаќин имаше презентација за овој вид состојба и преку примери објасни како да се препознае и како да се работи со ученици со ваква состојба.Сите учесници имаа презентации за ADHD. Учесниците преку презентации и кратки филмови  секој ја претстави и својата земја се со цел подобро да се запознаат учесниците во проектот. Наставниците од  нашето училиште со кратки филмови го претставија нашето училиште, нашиот град и убавините на нашата држава.Во текот на средбата кординаторите на проектот исто така ги договорија и понатамошните активности и средби.