Во текот на оваа учебна година беа реализирани одредени активности со учениците од деветите одделенија согласно Годишната програма за професионална ориентација на учениците.
Во месец Мај 2023 година нашето училиште беше посетено од претставници од повеќе средни училишта во нашата држава кои преку презентации и флаери ги запознаа учениците со стручните кфалификации кои што ги поседуваат како училишта. Беше извршен и разговор од страна на професорите од стручните училишта со нашите ученици и разменија различни мислења за нивната идна професија. Кон крајот на месец Мај учениците од деветтите одделенија од нашето училиште го посетија Отворениот ден организиран од СОУ„Ѓорче Петров“-Крива Паланка, каде беше промовирано и презентирано училиштето и условите за учење во училиштето.
На ден 15.05.2023 година со учениците од деветто одделение беше спроведен тест за утврдување на интереси кај учениците-RIASEC. Претходно учениците беа информирани за тестот и беа прашани кој сака да се пријави. Потоа со пријавените ученици беше спроведен тестот и им беа презентирани резултатите.
На 19 мај 2023 г.(Петок) учениците беа информирани и во училиштето онлајн го следеа Дигиталниот саем за средно стручно образование организиран од страна на МОН на РСМ.
Психолозите од училиштето изготвија информативен материјал за информации и линкови наменети за деветите одделенија и избор на нивната идна професија. Имено, им беа дадени линкови изготвени од МОН и тоа Конкурс за запишување на ученици во јавни и средни училишта за учебната 2023/2024 година, информација за електорнски упис на ученици во прва година во средно образование како и информации за сместувачки капацитети на ученичките домови низ државата. Исто така табеларно беа прикажани информации односно линкови на поголем број средни стручни училишта низ државата. Психолозите во секоја паралелка разговараа со учениците за избор на нивната идна професија, даваа информации и насоки за избор на идната професија и им ги поделија информативните материјали и останаа отворени за соработка и помош на учениците доколку имааат потреба.