По повод првиот училишен ден, ООУ “Свети Јоаким Крчовски” ги отвори вратите за новите првачиња и останатите основци. Во рамките на овој ден, втори септември, Денот кога започнува учебната година, во салата „Атриум“ во зграда Партизан се одржа свечена приредба во знак на пречекување на првачињата. Директорката на училиштето и Градоначалникот на Општина Крива Паланка ги поздравија првачињата и им посакаа успешна учебна година и среќен почеток.
Голема благодарност до Општина Крива Паланка за убавите подароци на првачињата.
На учениците и родителите им посакуваме среќен почеток на учебната година, плодна соработка и многу радости.
СРЕЌЕН ПОЧЕТОК И УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА