На 23 мај во просториите на Europe House-Крива Паланка се одржа културна манифестација на која беа свечено доделени дипломи и признанија на авторите на наградените поетски творби на литературниот конкурс за ученици од основното и средното образование на Република Северна Македонија, посветен на 24 Мај – Денот на првите сесловенски просветители Кирил и Методиј.
Право на учество имаа сите ученици од основното и средното образование на РСМ. Творбите беа напишани во форма на поезија и истите вреднувани од посебна комисија во четири категории, и тоа:
- Прва категорија, ученици од I до III одделение;
- Втора категорија, ученици од IV до VI одделение;
- Трета категорија, ученици од VII до IX одделение;
- Четврта категорија, ученици од средно образование.
Во категоријата од I до III одделение ПРВО МЕСТО го освои ученичката Николија Димишковска, ментор Јагода Ангеловска.
Координатори и организатори на манифестацијата се наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски од ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка и Ирена Белешковска, филолог и поет од литературениот клуб „Калин“.
Организаторите и носителите на оваа културна манифестација на сите учесници на овој награден конкурс им посакуваат успех и убава инспирација за творење и во иднина!