На ден 30 и 31.05.2023г., училиштниот психолог реализираше работилница со наставниците од нашето училиште на тема: „ Психосоцијална поддршка на менталното здравје и добросостојбата на децата и возрасните“. На работилницата беа споделени насоки за спроведување активности за подобрување на менталното здравје и добросостојбата кај учениците, како и кај наставниот кадар во училиштето. Целта на работилницата беше да се поттике отворен разговор и да се обезбеди клима на поддршка во училиштето. Покрај соработката на родителите со наставниците, стручните лица во училиштето се отворени за соработка и поддршка, се со цел подобрување на безбедноста, менталното здравје и добросостојбата на учениците.