МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА, International Day of Mathematics (IDM) е 14 март, а тој ден е познат уште и како „Денот на Пи“. Датумот е така одбран поради првите две цифри на најпознатата математичката константа Пи, π = 3,14…. Денот на Пи се слави низ целиот свет, а оваа година темата е МАТЕМАТИКА ЗА СИТЕ.

По повод π – денот се одржа работилница во просториите на Europe House Крива Паланка, а учесниците беа ученици и наставници од ООУ„Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, ООУ„Хистијан Тодоровски – Карпош“ – Ранковце, ООУ„Илинден“ – Крива Паланка,  и професори од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – Скопје.