Учениците од II-1 одделение при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка учествуваа на работилницата „Со куклите растеме“. Преку ракување со различни материјали и поттикнување на нивната креативна фантазија, децата изработија уникатни кукли – важен елемент во растењето и развојот на секое дете.
Оваа активност им овозможи на учениците да ги создадат своите кукли и да ги именуваат според своите емоции, при што беше поттикнато нивното емоционално изразување и развој на личноста.