Учесниците дискутираа за успешни наставни практики од своето искуство, кои потоа ќе бидат дел од збирка достапна за членовите на ЗОН – УЧИТЕЛ.
Повик за наставници: Клуб на наставници 2025
Беше претставен повикот за приклучување кон Клубот на наставници 2025 – иницијатива за размена на идеи, искуства и колаборации меѓу наставниците.
Зачленување и обнова на членството во Здружението на одделенски наставници (ЗОН – УЧИТЕЛ)
Беше поттикнато зачленувањето и обновата на членството во ЗОН – УЧИТЕЛ, кое нуди пристап до ресурси, настани и поддршка за професионален развој.
Користење на дигитални алатки во наставата
Дел од работилницата беше посветен на дигитални алатки, со акцент на „Wheel of Names“ (Тркало на имиња). Алатката беше демонстрирана како начин за избор на ученици, активности и теми, заради зголемување на ангажираноста на учениците.
Работилницата овозможи размена на идеи и искуства меѓу наставниците.
Благодарност до менторот Лариса Жулина-Митовски и учесниците за успешната реализација на настанот.
Наставниците се покануваат да се приклучат кон Клубот на наставници 2025 и ЗОН – УЧИТЕЛ. За повеќе информации, посетете го следниот линк: линк.
