Во рамките на Еразмус + проектот „Нови начини на учење“-во периодот од 12.09.2022 до 17.09.2022 во Куроу, Полска беше реализирана последната средба помеѓу партнер училиштата од Хрватска, Турција, Словачка и Северна Македонија. На мобилноста присуствуваа наставници од нашето училиште: Елена М Давидовска, Анета Стојковска, Изабела Павловска и Јасна Ѓоргиевска.
По срдечното добрeдојде, Директорот на училиштето ни посака плодна и успешна работа. Првиот ден нашите домаќини ни го претставија нивното училиште, училниците, кабинетите и сл.
Фокусот на оваа средба беше евалуација на проектот и нови наставни техники и методи во наставата. Темата на мобилноста беше „Учење во природа“.
Домаќините успеаа да ја претстават својата традиција, култура, историја и образование во текот на нашата посета и да направат сите да се чуствуваат пријатно и добредојдено.
Во текот на средбата кординаторите на проектот исто така ги договорија и понатамошните активности околу финалниот извештај за проектот.
Координатор на проектот,
Елена Митевска-Давидовска