Во текот на оваа учебна година беа реализирани одредени активности со учениците од деветите одделенија согласно Годишната програма за професионална ориентација на учениците.
Во месец Април, Мај и Јуни 2024 година нашето училиште беше посетено од претставници од повеќе средни училишта во нашата држава кои преку презентации и флаери ги запознаа учениците со стручните кфалификации кои ги поседуваат како училишта. Беше извршен и разговор од страна на професорите од стручните училишта со нашите ученици и разменија различни мислења за нивната идна професија.
На ден 30.05.2024 година со учениците од деветто одделение беше спроведен тест за утврдување на интереси кај учениците-RIASEC. Претходно учениците беа информирани за тестот и доброволно се пријавија за истиот. Со пријавените ученици беше спроведен тестот и им беа презентирани резултатите од страна на психолозите во училиштето.
Психолозите од училиштето исто така изготвија информативен материјал за информации и линкови наменети за деветите одделенија и избор на нивната идна професија. Имено, им беа дадени линкови изготвени од МОН и тоа Конкурс за запишување на ученици во јавни средни училишта за учебната 2024/2025 година, информација за електорнски упис на ученици во прва година во средно образование како и информации за сместувачки капацитети на ученичките домови низ државата. Психолозите во секоја паралелка разговараа со учениците за избор на нивната идна професија, даваа информации и насоки за избор на идната професија и им ги поделија информативните материјали и брошури и останаа отворени за соработка и помош на учениците доколку имааат потреба. Исто така, на барање на учениците, исконтактиравме во едно средно училиште и остваривме контакти каде ги информиравме за заинтересираноста на ученици за нивното училиште. На нашите ученици им дадовме контакт телефони и лице за соработка.