На 22.03.2024 година , во гимназијата СОУ “Гоце Делчев” во Куманово се одржа регионален натпревар по француски јазик за учениците од осмо и деветто одделение – Олимпијади на кој учествуваа франкофоните од северноисточниот регион на државата : Куманово, Крива Паланка, Свети Никола и Лозово. На натпреварот учествуваа ученици од осмо и деветто одделение ООУ ” Свети Јоаким Крчовски ” – Крива Паланка под менторство на професор Елена Николовска и тоа: Ивана Младеновска 9-5 одд, Стефани Симонова 9-5 одд, Лука Петковски 8-5 одд, Ема Стојановска 8-5 одд и Теона Јовевска 8-5 одд. Сите ученици постигнаа солидни резултати на натпреварот: – Категорија деветто одделение: 1 место – Ивана Младеновска, 2 место – Стефани Симонова. – Категорија осмо одделение: 4 место – Ема Стојановска, 6 место – Лука Петковски. Им посакуваме многу успеси на државниот натпревар – Олимпијади кој ќе се одржи на 30.03.2024 година во Скопје.