На 5 мај во Државниот музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски – Луј“ – Скопје се одржа регионалниот натпревар за учениците во основното музичко образование 2023 година, организиран од страна на Здружението на музички и балетски педагози на РСМ.
Под менторство на наставничката по пијано Лариса Жулина-Митовски нејзините ученици ги освоија следните резултати:
Матеј Георгиев– прва награда (100 бодови)
Меглена Георгиева – втора награда (94,33 бодови)
Михаил Митовски – втора награда (92,67 бодови)
Добитниците на прва и втора награда продолжуваат на државен натпревар. Им посакуваме успех!