Со особена радост и гордост го споделуваме успехот на нашите ученици!

На наградниот конкурс за краток филм „Мојот свет денес“, во организација на Гимназија „Алгоритам“ – Скопје и во соработка со продукција „Аски Катаски“, анимираниот цртан филм „Невидливото дете“ освои награда за креативна употреба на вештачка интелигенција.

Филмот е изработен од учениците од IV-5 одделение при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка.

Ментори на учениците се одделенскиот наставник Сања Петровска и наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски.

Конкурсот уште еднаш покажа колку креативност, талент и силни пораки носат младите автори.
Им честитаме на добитниците и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.

Во прилог можете да го погледнете наградениот филм.

Сите учесници ќе добијат сертификати за учество, менторирање и освоените награди.
Добитниците ќе бидат дополнително известени за подигнување на наградите.

Честитки за креативноста, посветеноста и иновативниот пристап! ✨