Во текот на месец Февруар и Март 2023 г. психологот во нашето училиште ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, спроведе дел од активности за Скала на адаптибилност и Поинаков математички синџир.  Активноста поврзана со  Скала за адаптибилност се однесува на флексибилност кај учениците преку работење на заеднички проект, каде целта е учениците да научат да соработуваат, научат за тимска работа, како и за слушање и следење на упатства, давање упатства за да дојдат до позитивен резултат. Во делот на Поинаков математички синџир целта е  развивање меморија, мислење преку претстави, степен на информираности и друго. Овие активности беа спроведени со ученици од IV и V одделение од нашето училиште.