Во Крива Паланка беше најавен стартот на проектот „Регионални политики за проблемите на лицата со попреченост“, финансиран од програмата „Бугарска помош за развој“ на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија. Проектот ќе се реализира од здружението „Хенидкеп Плус“. Целта на проектот е популаризација на регионалните политики во Република Северна Македонија и нивно усогласување со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, што бара учество на граѓански организации во креирањето и донесувањето одлуки на локално и регионално ниво.