На 23 мај 2024 година на Свечена академија во чест на просветителството и денот на просветителите, 23 Мај – Свети Јоаким Крчовски и 24 Мај – денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во организација на Општина Крива Паланка, беа прогласени најдобрите просветни работници од одделенска и предметна настава од општинските основни и средно училиште, како и најдобрите ученици на генерација.
Од нашето училиште за најдобри беа прогласени:
Мирослав Ивановски професор по физичко и здравствено образование – најдобар просветен работник во предметна настава за учебната 2023/2024 година;
Ивана Младеновска IX-5 – првенец на генерација за учебната 2023/2024 година.
Честитки за добиените признанија, истите нека бидат поттик за уште поголеми успеси!