Матеј Георгиев ученик во петто одделение од класата на професорката по пијано Лариса Жулина-Митовски доби трето место на Државниот натпревар за ученици во основно музичко образование, што се одржа во Битола. Исто така, учениците Меглена Георгиева од четврто одделение и Михаил Митовски од седмо одделение добија пофалници.

Според  професорката Лариса, нејзините ученици со голема волја, желба  и посветеност работеа во текот на целата година за сега да постигнат забележителни резултати.

-Наградите  се должат на нивната трудољубивост, посветеност и заедничка соработка  на часовите по виолина, рече професорката Жулина-Митовски.

Натпреварот кој е во организација на Здружението на музички и балетски педагози на РСМ се одржа на 17-18 мај  во  КИЦ – Офицерскиот дом во Битола, каде децата пред жири комисијата се претставија со дела од Ј.С.Бах , Л.Иваненко, Тимоти Браун, Денис Алеџандер, Јохан Пахелбел, Рандал Хартсел.