На покана од Europe House Kriva Palanka 20 ученика од девето и осмо одделение со наставничката Георгина Велковска синоќа во Ну Центар за култура Крива Паланка го проследија анимираниот филм “Дури и глувците одат во рајот”. Овој филм е дел од репертоарот на Европската Филмска Недела по повод прославувањето на вториот роденден на Европската куќа Крива Паланка. Поучен филм кој зборува за двајца смртни непријатели – глувчето и лисицата, кои се среќаваат во животинскиот рај. Тие ги губат своите природни инстинкти и на крај стануваат најдобри пријатели.
Потоа беа дел и од креативната работилница за деца “Кино уметноста низ Филмот Even Mice belong in Heaven” која беше во организација на предавачот Добри Јовевски.