Учениците од IV-2 одделение под менторство на наставничката Јагода Ангеловска благодарение на НЛБ имаа можност да учествуваат во хуманитарниот предизвик ,,Штедиме и правиме добри дела”. Тие на забавен начин се едуцираа за придобивките на штедењето, но и научија што значи добро дело и колку е важно да се помага. Сите ученици се здобија со награда од NLB која беше доделена во истата банка во Скопје.