Учениците и нивните ментори од нашето училиште го одбележаа 2 Февруари – Светски ден на читањето и активно се вклучија во Кампањата „Читаме гласно – говориме јасно”, која започна на 02.02.2024 година и  траеше до крајот на февруари. Кампањата има за цел негување на македонскиот литературен јазик и читање исклучиво поезија и проза: стихови за деца, песни од македонски поети и раскази или извадоци од романи од македонски автори. На сите учесници во кампањата им беа доделени дигитални сертификати.

Автори и координатори на кампањата: наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски, ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка и Ирена Белешковска, филолог, новинар и поет од литературен клуб „Калин“.