Со голема гордост ги споделуваме успесите на нашите млади вокални солисти од регионалниот натпревар 2026, организиран од Здружението на музичките педагози на Република Македонија.
Нашите ученици покажаа исклучителен талент, музикалност и посветеност, освојувајќи високи признанија:
🥈 Нина Георгиевска – II награда
🥈 Софија Станковска – II награда
🥉 Софија Младеновска – III награда
Сите ученички од VII одделение добија и високо признание за соло пеење, со што уште еднаш се потврдува нивниот квалитет и љубов кон музиката.
Натпреварите и конкурсите организирани од здружението имаат значајна улога во поттикнување на младите таленти и нивниот уметнички развој. Повеќе информации за активностите можете да погледнете на следниот линк:
https://muzika.org.mk/category/конкурси/

👏 Честитки до учениците за постигнатиот успех и до менторот проф. Лариса Жулина-Митовски за посветената работа и инспирација.