Велигден е еден од најважните христијански празници, кој се празнува во знак на сеќавањето на Исусовото воскресение. Над две милијарди луѓе низ светот го слават Велигден, кој се празнува три дена, а при тоа секој народ си има свои необични и интересни велигденски традиции.
Традиционално во нашиот град, третиот ден Велигден, се празнува заедно со граѓаните преку реализирање на Велигденска манифестација од стана на ЛУ Градски музеј, Општина Крива Паланка и културните институции. Така и оваа година, на 18 април 2023, во една разиграна и весела атмосфера на градскиот плоштад во Крива Паланка се реализираше осмата по ред Велигденската традиционална манифестација на која учество зеде и нашето училиште, преку свои повеќебројни наставници и ученици како негови претставници, од кои едни ја забавуваа публиката со Велигденски песни, други со игри од натпреварувачки карактер, а трети со изложување на креативни велигденски декорации изработени од самите ученици под менторство на своите наставници.
Се разбира, секој труд се наградува, па така, Прва награда за Најубава Велиденска декорација добија учениците од нашето училиште за декорацијата насловена “св.Јоаким”, под менторство на наставничките Христина Илиевска и Георгина Велковска.
Исто така нашите ученици и наставници добро се претставија и во останатите игри и настапи. Во носење јајце во лажица, најуспешна беше Грета Станковска, а во натпреварот носење балон во парови победија Ина Ангеловска и Николија Давидовска. Ана Марија Ангеловска зеде втора награда за Најубаво декорирано јајце.
Честитки за добиените награди.