Во месец Март 2024 година психологот Марина Ј. Митовска одржа видео презентации на тема Ментално здравје кај учениците од деветтите одделенија. Имаше дискусија за зачувување на менталното здравје, чинители кои што се битни за зачувување на нашето ментално здравје, што да се прави и како да се реагира кога сме под стрес, како да ја подобриме нашата самодоверба која секако е битна за подобрување на нашето ментално здравје и друго. Учениците соработуваа, внимаваа и за прв пат се сретнаа со оваа тема, им се прошири свесноста за себепочитување, позитивно размислување, благосостојба на организмот, самосочуство и друго.