Во услови кога патувањата се скоро невозможни, виртуелните активности се единствениот начин на работа. Затоа на 02.06.2021 во Europe House во Крива Паланка се одржа првиот дел од виртуелната мобилност од Еразмус+ проектот “ИДНИНА”. ООУ”Јоаким Крчовски “ е дел од проектот кој е во завршна фаза и кој ги потикнува и развива вештините за кодирање и програмирање кај учениците како едни од најважните вештини во денешно време. Ученици и наставници од сите 5 земји учеснички земаа учество на настанот преку платформата Zoom и го претставиа проектот, своето училиште, својот град и својата држава. Следната средба ќе биде претставување на кодираните роботи како краен производ на се што е научено во проектот.
Од моето долгогодишно искуство на работа на проекти можам слободно да кажам дека: Еразмус+ проектите се нашата “ИДНИНА”. Координатор: Тања Димитровска Шкрбиќ