Во Банско, Република Бугарија од 30 ноември до 4 декември 2022 година се одржа ХХХVІ Меѓународен фестивал на таленти „Утринска ѕвезда“. На фестивалот, кој беше со натпреварувачки карактер, учествува ученици од повеќе европски држави, како Романија, Бугарија, Унгарија, Украина, Молдавија, Казахстан и Р.С.Македонија.
Главен организатор на фестивалот е Здружението „Арт академија – Утринска ѕвезда“ со седиште во градот Перник, Р. Бугарија, а негов претседател е г. Кирил Костадинов. Фестивалот се одржува од 2008 година во Банско, Албена, Сончев Брег и Ковачевци, а еднаш годишно во Софија се одржува свечен гала- концерт за лауратите од годишните изданија на фестивалот. Фестивалот работи и опстојува под заштита на УНЕСКО, а под покровителство на Министерството за култура на Р. Бугарија.
Целта на Фестивалот е да се обезбеди можност талентираните деца да ги истакнат своите капацитети и искуства, а истовремено да се создадат услови за развој и промоција на креативните идеи преку семинари за размена на искуства.
Училишниот оркестар при ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски се претставија со Антонио Вивалди, Концерт во f-moll и „Паладио“ од британскиот (велшки) композитор Карл Дженкинс. Жирито, составено од видни имиња на бугарската музичка сцена, им додели втора награда. Ниту публиката не остана рамнодушна на милозвучните тонови на младите таленти. Исто така, ученикот од деветто одделение Теодор Смиљков од класата на истиот професор го освои високото второ место.
Секоја работа вродува со плод, па така учениците работеа три месеци со многу љубов и ентузијазам и резултатот е видлив. На радост на сите вброени сме меѓу најдобрите, а со нашата напорна работа и посветеност и изминатите години освоивме престижни награди на фестивалите.
Ова е голем успех за нашето училиште и општината, успешно ги реализираме сите наши проекти и се афирмираме како училиште не само во републиката туку и надвор од неа.