Заедно за побезбеден интернет
Денот за побезбеден интернет е меѓународен настан кој се одбележува секоја година во февруари со цел промовирање на побезбедно и поодговорно користење на online технологиите и мобилните телефони од страна децата и младите. На овој ден илјадници луѓе од целиот свет се собираат за да ја зголемат свеста за проблемите кои може да настанат при користење на Интернет и со тоа учествуваат на разни настани и активности кој го промовираат неговото правилно користење.
Целата седмица е Седмицата на информатиката и трае од 6 до 10 февруари.