По иницијативата на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците, од 2001 година, се слави секоја година на 26ти Септември – заедно со Европската комисија. Низ цела Европа, 700 милиони Европејци застапени во 46 земји-членки на Советот на Европа се охрабрени да учат повеќе јазици, на било која возраст, во и надвор од училиштата. Убедени дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент, Советот на Европа промовира повеќејазичност во цела Европа.