По повод Меѓународниот ден на музиката, учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, под менторство на своите наставници, приредија прекрасен музички концерт, исполнет со талент, љубов кон музиката и радост од заедничкото музицирање.
На концертот присуствуваа ученици, наставници и родители, кои со внимание и аплаузи ги поддржаа младите музичари и нивните музички изведби.
Одбележувањето започна со едукативна презентација посветена на Меѓународниот ден на музиката, преку која учениците се запознаа со историјата на празникот, неговото основање, значењето и начинот на одбележување ширум светот.
Преку интересни факти, музички пораки и инспиративни цитати, учениците размислуваа за значењето на музиката во секојдневниот живот, нејзината моќ да ги изразува емоциите, да поттикнува креативност и да ги поврзува луѓето без оглед на јазикот и културните разлики.
Настанот помина во свечена и пријатна атмосфера, исполнета со музика, емоции и заедничка радост, потврдувајќи ја улогата на музиката во збогатувањето на училишниот живот и поврзувањето на учениците, наставниците и родителите.
Честит Меѓународен ден на музиката! 