Денеска учениците од IV одделение при ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, во придружба на своите наставнички и образовиот асистент, согласно програмата по предметот Историја и општество, беа на посета кај градоначалникот на општина Крива Паланка, господинот Сашко Митовски.

Таму учениците имаа можност да се запознаат со функцијата Градоначалник, работата на органите на општината и просториите во неа.
Учениците имаа можност да му постават интересни прашања на градоначалникот, на кои тој им даде исцрпни одговори и ги поттикна да даваат свои предлози за теми кои се од нивен интерес( Новогодишна забава, украсување на градот и сл.).

Посетата беше многу интересна и поучна, а учениците покажаа особен интерес, голема љубопитност и желба да научат повеќе за работата на градоначалникот и органите на општината.

Упатуваме голема благодарност до градоначалникот и вработените во општината, за топлиот прием и беспрекорната организација!

Целосната фотогалерија од настанот е достапна на следниот линк: https://read.bookcreator.com/utmjVI2TkJhP2pgCHEJARbxdDLq1/syHJFKfiTwCgx5uWPjpDzQ