На ден 12.11.2026 г. (четврток) се одржа предавање со видео презентација на тема “Насилство и булинг (bullying)“ од страна на ученици (кои се членови тим за безбедност на паралелка) од VIII4 одделение. Овој тим се состои од следните ученици: Леонид Стојановски, Софија Младеновска, Нина Георгиевска и Јаков  Николовски кои дадоа предлог за да  изготват презентација на оваа тема, каде  психологот Марина Јакимовска Митовска, како ментор,  ги поддржа и помогна да ја реализираат нивната цел.

Учениците сами истражуваа и изготвија презентација со мали насоки од психологт и потоа ја презентираа пред нивната паралелка (VIII4 одд.)на ден 12.11.2026 г. Овие ученици оваа презентација ќе продолжат да ја презентираат и пред други ученици, не само во осмо одделение туку и во другите генерации. Истата презентација ќе се презентира и пред Ученички парламент. Ова ќе се реализира во наредните неколку недели.