На 30 септември 2026 година во нашето училиште се одржа состанок на Ученичкиот парламент, на кој беа разгледани прашања поврзани со неговото функционирање и ученичкото учество во училишниот живот.
По пат на тајно гласање, за претседател на Ученичкиот парламент беше избран Јован Ѓорѓиевски, ученик од VIII-5 одделение, а за ученички правобранител беше избрана Софија Станковска, ученичка од VIII-4 одделение.
Преку работата на Ученичкиот парламент учениците имаат можност активно да учествуваат во училишниот живот, да ги изнесуваат своите предлози, идеи и иницијативи и да придонесуваат кон создавање демократска, позитивна и поддржувачка училишна средина.
На избраните ученици им посакуваме успешна и одговорна работа, многу реализирани иницијативи и успешно застапување на интересите и правата на учениците во текот на учебната 2026/2027 година.