По повод 20 Ноември – Светскиот ден на детето, учениците од ПОУ „Свети Јоаким Крчовски“ – с. Жидилово, учествуваа во креативна и забавна активност посветена на детските права, радоста и творештвото.
Преку рецитирање кратки песнички, цртање и боење на тематски наставни ливчиња, учениците ја изразија својата креативност, фантазија и радост од заедничкото дружење.
Активноста помина во пријатна и весела атмосфера, исполнета со насмевки, детска непосредност и творечка енергија.