На 25 мај 2023 година во ПОУ с. Добровница, користејќи ИКТ и наставни средства наменети за поуспешна и квалитетна настава наставниците Игор Стојчевски, Слаѓана Ристовска и Лариса Жулина-Митовски одржаа интегриран час со заеднички активности со учениците од III, VI и VIII одделение.
Интегрираната настава помеѓу предметите географија, музичко и ликовно образование претставува концепт во кој се комбинираат различни аспекти од сите три предмети во еден учебен модел. Овој вид настава има за цел да ги обедини знаењата и вештините од сите три предмети во целосно интегрирано учење. Идејата зад интегрираната настава е дека многу аспекти од различните предмети се поврзани помеѓу себе и имаат меѓусебно влијание. На пример, географијата може да биде поврзана со музиката и ликовното образование преку учење на културата и традициите на различните региони и народи.
Импресии од одржаниот час, искази од учениците:
-Часот беше многу интересен, за прв пат ни се случи вакво нешто. Се ми беше интересно, но најмногу се радував на мојата изведба на блок флејта.
-Се ми беше интересно, посакувам уште вакви часови. Ние ги цртавме народните носии.
-Многу интересен час, воопшто не ми беше досадно иако поминаа два часа.