МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА, International Day of Mathematics (IDM) е 14 март, а тој ден е познат уште и како „Денот на Пи“.
Датумот е така одбран поради првите две цифри на најпознатата математичката константа Пи,π = 3,14…. (3 – третиот месец март, 14-от ден во месецот).
Денот на Пи се слави низ целиот свет, а оваа година темата е „Играње со математиката“. Учениците од нашето училиште овој ден го одбележаа со математички работилници.