На ден 29.10.2024 година од страна на Лидија Мледеновска командир на ПС за ГП и ГН Деве Баир и Зоран Николовски помошник командир за ЈРМ и превенција на ПС ОН Крива Паланка пред учениците од 9 одделение беше одржано предавање на тема „Превенција од трговија со луѓе/деца“.
Трговијата со деца е сериозен глобален проблем кој вклучува неовластено регрутирање, транспорт и експлоатација на деца за различни цели, вклучувајќи сексуална експлоатација, принудна работа и продажба на органи. Оваа практика предизвикува трајни последици за децата и нивните семејства, нарушувајќи го имунолошкиот систем, образовните можности и ментално здравје.